
Патриотите од М16 дојдоа до својата трета сезонава победа, совладувајќи ја екипата на Овче Поле во Свети Николе со повеќе од убедливи 45:69.
Нашите момци водеа целиот натпревар, одиграа цврсто и дисциплинирано, и на крај целосно заслужено се радуваа на победата.
Најдобри поединци на натпреварот беа:
- Филип Даневски – 27 поени
- Владимир Јордановски – 23 поени
- Филип Поповски – 11 поени
Сепак, секој играч што доби минутажа даде максимум и придонесе за овој резултат.
Делчево веќе има и добра машка екипа. За овие момци допрва ќе се зборува. Браво дечки! Одиме кон нови победи, напиша тренерот Љупчо Петровски на фејсбук.

Leave a Reply