Празнична музичка вечер на Градскиот плоштад во Македонска Каменица

Синоќа, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, Bumbari Band и Елена Наумова приредија вечер исполнета со одлична музика, позитивна енергија и пријатна празнична атмосфера. Со внимателно одбраниот репертоар и одличните интерпретации, создадоа вистинско празнично расположение 🎤🎸🎄.

Публиката од сите генерации уживаше во секој момент, наградувајќи ги настапите со аплаузи и насмевки.
Ваквите музички случувања уште еднаш го потврдуваат Градскиот плоштад како место на дружење, забава и квалитетна културна понуда во Македонска Каменица.

Благодарност до изведувачите за прекрасната вечер! ✨, се вели во објавата на градоначалничката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*