
Советот на Општина Берово на седницата одржана на 25 декември 2025 година донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одредени празнични периоди во 2026 година.
Со одлуката се предвидува продолжување на работното време за еден до два часа за кафулињата, рестораните и другите објекти од угостителската дејност, и тоа за време на туристички, културни и други манифестации кои ќе се одржуваат во текот на 2026 година.
Од Општина Берово информираат дека мерката е донесена со цел поддршка на локалната економија и угостителскиот сектор, како и за унапредување на туристичката понуда во општината за време на празничните и манифестационите денови.
Одлуката стапува на сила со денот на нејзиното донесување, а целосниот текст може да се преземе на официјалната веб-страница на Општина Берово

Leave a Reply