ДАЈ НЕ ФРЛАЈ – ПОДАРИ: Нова бадникова донација за 30 семејства во Делчево и околината

Делчево – Во пресрет на Бадник, хуманитарната иницијатива „ДАЈ НЕ ФРЛАЈ – ПОДАРИ“ организира нова донација на пакети со основни прехранбени производи, кои утре ќе бидат распределени на 30 социјално загрозени семејства од Делчево и околината.

Донацијата е овозможена благодарение на верен следач и поддржувач на иницијативата, а во моментов е во тек пакувањето на пакетите. Целта, како што велат организаторите, е ниту едно семејство да не остане без бадникова вечера.

Покрај основните намирници потребни за Бадник, обезбедена е и нова облека за децата за Божиќ, донација од хуман донатор од Охрид, со што празничната радост ќе биде поголема и за најмладите.

„Секој мал гест значи многу за оние на кои им е најпотребно. Заедно можеме да направиме празниците да бидат потопли и подостоинствени за сите“, порачуваат од иницијативата.

Граѓаните можат да видат што точно се донира и дали донацијата е веќе подарена на следниот линк:
➡️ https://dajpodari.zya.me/item.php?id=29

На крајот, Винка од „ДАЈ НЕ ФРЛАЈ – ПОДАРИ“ – Делчево упати благодарност до сите донатори и поддржувачи кои несебично помагаат и ја шират хуманоста во заедницата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*