
Во духот на празниците и човечката солидарност, ПЕКЕ Дисконт и Тобако Делчево иницира хуманитарна акција со цел да им помогне на семејствата кои не се во можност да си обезбедат прехранбени производи за Божиќ и Бадник.
Свесни дека празничната трпеза не е еднаква за сите, од компанијата порачуваат дека со големо задоволство ќе подготват пакети со основни прехранбени производи за оние на кои им е најпотребно. Сите кои имаат потреба од помош можат да се обратат преку приватна порака, при што анонимноста и достоинството се целосно загарантирани.
Овој гест е уште еден потсетник дека празниците се време на споделување, грижа и човечност, вредности кои ПЕКЕ Дисконт и Тобако Делчево континуирано ги негува во локалната заедница.
Со сопственикот на Пеке Дисконт и Тобако, Делчево 365 има соработка уште од првиот ден. Од самиот почеток знаевме дека позади идејата ПЕКЕ стои човек кој има идеја за бизнис и затоа не се сомневавме дека ПЕКЕ ќе биде таму каде што е денес.
Секоја чест за овој гест на фирмата и нивните вработени.

Leave a Reply