
Во рамки на Новогодишната забава во организација на КУД „Гоце Делчев“ – Делчево, беа прогласени најдобрите играорци за 2025 година. Признанието им припадна на Христијан Петровски и Мила Гоцевска, кои со својата посветеност, дисциплина и љубов кон фолклорот се истакнаа како вистински амбасадори на традиционалната уметност.
Од друштвото истакнаа дека изборот е резултат на нивната континуирана работа, сценска сигурност и исклучителен уметнички израз, како и на нивната енергија и одговорност на пробите и настапите. „Нивниот труд и љубов кон традицијата се инспирација за сите членови и поттик за понатамошни успеси“, нагласија од КУД „Гоце Делчев“.
Посебно беше потенцирана и улогата на кореографот Зенил Реџепов – Стручни, чија стручна поддршка, визија и долгогодишна работа значајно придонесуваат за развојот и квалитетот на ансамблот.
На свечениот настан свое обраќање имаа и градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, уметничкиот раководител Зенил Реџепов – Стручни, како и претседателката на КУД „Гоце Делчев“ – Делчево, д-р Соња Мавродиева Георгиевска, кои упатија честитки до наградените играорци и ја истакнаа важноста на фолклорот како чувар на културниот идентитет.

Новогодишната забава помина во празнична атмосфера, збогатена со настапи и видео моменти кои ја отсликаа посветеноста и ентузијазмот на членовите на друштвото, уште еднаш потврдувајќи дека КУД „Гоце Делчев“ – Делчево е значаен носител на фолклорната традиција во регионот

Leave a Reply