Формирана нова месна заедница во село Ѕвегор, поддршка за одржување на „Ѕвегорската Сурова“

Делчево, — Во селото Ѕвегор е формирана месна заедница, при што градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со мештаните разговарал за актуелните проблеми со кои се соочува селото, како и за можните решенија кои заеднички ќе се реализираат во наредниот период.

Како што информира Гоцевски, на средбата бил потенциран значењето на отворениот дијалог и директната вклученост на жителите во процесите на носење одлуки, со цел обезбедување поголем развој и подобри услови за живот во селото.

– Верувам дека преку соработка и активна комуникација ќе продолжиме да изнаоѓаме конкретни и одржливи решенија. Мештаните најдобро ги познаваат потребите на своето место и нивните предлози имаат реална основа за реализација – истакна Гоцевски.

Тој додаде дека Општината дава целосна поддршка за одржувањето на традиционалната манифестација „Ѕвегорска Сурова“, која и оваа година ќе се одржи по одлука на самите мештани.

„Ѕвегорската Сурова“ е вековна традиција и препознатлив симбол на селото Ѕвегор, која претставува значаен дел од културниот идентитет на регионот

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*