По повеќедневни активности и интензивна работа на терен, денес се привршени сите подготовки за вечерашниот дочек на Старата Нова година, соопшти ЈП „Камена Река“.
Екипите на јавното претпријатие изминатите денови беа ангажирани на уредување и чистење на јавните површини, како и на создавање безбедни и пријатни услови за сите граѓани кои ќе присуствуваат на празничната прослава.
Од ЈП „Камена Река“ потенцираат дека нивната цел е сè да биде подготвено навреме и во најдобар ред, со што граѓаните ќе можат безгрижно да уживаат во празничната атмосфера и традиционалниот дочек на Старата Нова година.
„Нашите служби се целосно мобилизирани за да обезбедат чиста, уредна и безбедна околина за сите посетители“, порачуваат од претпријатието.
На крајот, од ЈП „Камена Река“ им упатија порака до граѓаните да имаат пријатна, весела и безбедна празнична вечер, исполнета со позитивна енергија и празничен дух.

Leave a Reply