
Кошаркарките на КК Патриот со победа го отворија настапот на последниот турнир од WABA лигата, кој се одржува во Ниш. Во одличен и неизвесен натпревар, „патриотките“ беа подобри од екипата на КК Студент, славејќи со резултат 63-66.
Од првата до последната минута, нашите девојки имаа целосна контрола врз играта. Во текот на натпреварот Патриот водеше и со двоцифрена разлика, достигнувајќи предност дури и до 15 поени. Иако противникот во финишот успеа да се доближи, победата не беше доведена во прашање – конечните три поени разлика беа сосема доволни за заслужен триумф.
Ова е трета победа за КК Патриот во рамките на WABA лигата и уште една потврда за квалитетот и борбеноста на екипата.

Турнирот продолжува и во следните два дена. Веќе утре нашите кошаркарки ќе се соочат со силниот состав на КК Партизан од Белград, а задутре ги очекува дуел против КК Будуќност од Подгорица.
Браво девојки! Гордост сте на клубот и на сите нас!



Leave a Reply