
Екипите на Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица интензивно работат на уредување и одржување на јавните површини на повеќе локации во градот.
Како што информираат од претпријатието, активностите се спроведуваат секојдневно и опфаќаат чистење на јавните простори, косење тревни површини, уредување на зеленилото, како и редовно одржување на парковите и другите заеднички места.
Целта на овие активности е обезбедување почиста, поуредна и попријатна животна средина за сите граѓани на општината.
Од локалната самоуправа потенцираат дека уредната околина е заедничка одговорност и апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат кон јавниот простор.
„Чистата и уредна средина е одраз на културата и одговорноста на сите нас. Само со заеднички напори можеме да ја зачуваме и унапредиме“, велат од ЈП „Камена Река“.
Активностите за уредување на јавните површини ќе продолжат и во наредниот период, согласно предвидената програма за работа на претпријатието.

Leave a Reply