
Македонска Каменица, — Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, денеска оствари работна средба со претставници на Националниот демократски институт (НДИ), во рамки на проектот „Заедници со интегритет“, кој се реализира со финансиска поддршка од владите на Швајцарија и Шведска.
На средбата беше презентиран проектот кој има за цел да им помогне на општините во воспоставување одржливи механизми за спречување на корупцијата и зајакнување на интегритетот на локално ниво. Притоа, беа разгледани и конкретните потреби и можности за примена на ваквите механизми во Општина Македонска Каменица.
Градоначалничката Стаменкова истакна дека локалната самоуправа е подготвена активно да се вклучи во процесите кои придонесуваат за транспарентно, одговорно и отчетно управување, со цел зголемување на довербата на граѓаните во институциите.
На работниот состанок присуствуваа Дејвид Сип, тим лидер на проектот „Заедници со интегритет“, како и Лидија Зафировска, програмска директорка во Националниот демократски институт, кои ја нагласија важноста од партнерство со локалните власти во борбата против корупцијата и унапредувањето на доброто владеење

Leave a Reply