
Епископот Делчевско-каменички г. Марко, на 20 јануари 2026 година, оствари посета на социјалните центри во Делчево и Македонска Каменица, каде што е организиран целодневен престој за лица со посебни потреби.
Во рамки на посетата, епископот Марко оствари средба со раководствата и вработените во центрите, кои, како што беше истакнато, со голема посветеност и континуирана грижа работат на подобрување на условите и квалитетот на секојдневниот живот на корисниците. Тој се запозна со активностите што се реализираат во рамки на центрите и ги посети работилниците во кои се изработуваат различни ракотворби.

Епископот со внимание ги разгледа изработените предмети и го поздрави ангажманот на вработените и корисниците, потенцирајќи ја важноста на љубовта, трпението и поддршката во грижата за лицата со посебни потреби.

Во духот на христијанската љубов и солидарност, епископот Марко им врачи скромни подароци на децата и корисниците на центрите, кои со искрена радост возвратија со подарување ракотворби што самите ги изработиле, како знак на благодарност и внимание.


Leave a Reply