
Советот на Општина Делчево ќе ја одржи 4. редовна седница на 30 јануари 2026 година (петок), со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар, лоциран на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ во Делчево.
Седницата е свикана врз основа на Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Делчево, а претседател на Советот, д-р Николчо Стојменовски, го предложи следниот обемен дневен ред 👇
🔹 Усвојување на записник од претходната седница
🔹 Програма за работа на Советот за 2026 година
🔹 Именувања и разрешувања во јавни претпријатија и установи
🔹 Социјална заштита, еднакви можности и поддршка на ранливи категории
🔹 Урбанизам, градежно земјиште и легализација на објекти
🔹 Програми за јавни работи, патишта, улици и инфраструктура
🔹 Јавно здравје, заштита на пациенти и потрошувачи
🔹 Младински политики и работа на Младинскиот центар
🔹 Прифаќање донации и финансиска поддршка
🔹 Прашања и предлози од советниците
📌 На седницата ќе се разгледуваат вкупно 32 точки, со учество на раководители на општински сектори, јавни установи и комисии.
ℹ️ Решението за свикување на седницата влегува во сила со денот на донесувањето и ќе биде објавено во „Службен гласник на Општина Делчево“.
📍 Делчево, 23.01.2026 година

Leave a Reply