Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево традиционално ги награди највредните ученици, свои членови, кои за време на зимскиот распуст изнајмиле најмногу лектири.
Како што информираат од библиотеката, признанијата им беа доделени на три ученици кои со својот интерес за книгата, љубовта кон читањето и посветеноста се истакнале во изминатиот период.
Наградени ученици се Леонид Јосифовски, Теодора Митевска и Елеонора Георгиевска.
Од ЈЛБ „Илинден“ – Делчево упатија честитки до наградените ученици и порака до сите млади читатели да продолжат да го откриваат светот преку книгите, нагласувајќи дека библиотеката останува место каде што љубовта кон читањето секогаш се препознава и наградува.

Leave a Reply