ОДГОВОР НА ДЕМАНТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОНК НА РО ДЕЛЧЕВО

Денес до нашата редакција пристигна писмено соопштение од Гоце Стоиловски- Претседател на СОНК при ООУ„ Ванчо Прке “од Делчево. Соопштението како што е наведено е одговор на демантот кој претходно претседателот на РО СОНК- Делчево Александар Парасков го објави на порталот Делчево365, а по претходно објавена одлука по одржан состанок на членовите на СОНК Делчево.

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот од одговорот на Гоце Стоиловски на демантот на Александар Парасков.

ОДГОВОР НА ДЕМАНТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОНК НА РО ДЕЛЧЕВО

   Членовите на СОНК при ООУ„ Ванчо Прке“ од Делчево на состанокот кој беше оддржан на 28.01.2026 год( петок) по дискусијата за актуелните случувања и размена на ставови и мислења донесоа Одлука, да дадат јавна и целосна поддршка на протестите кои ги организираше ССМ за зголемување на минималната и другите плати, со цел поддршка на работниците и остварување на работничките права.
Одлуката беше објавена во порталот„ Делчево 365“. По објавата следеше реакција на претседателот на РО СОНК- Делчево  Александар Парасков во вид на Демант на истиот портал. Што демантираше можете сами да прочитате ............(линк од одлуката и демантот) Во Одлуката никаде не стои дека тоа е став на Претседателот на регионот, на Советот на СОНК или КСС, туку дека тоа е одлука на „членовите на на СОНК при ООУ„ Ванчо Прке“- Делчево.Сакам јавно да поставам неколку прашања кои произлегуваат од демантот на регионалниот „синдикалец„ на СОНК во Делчево, Александар Парасков 
  1. Каде во Одлуката , прочита дека се искажува твој став или став на Советот на СОНК или КСС или на нивните претседатели? Ние донесовме одлука за ставот на „членовите на СОНК при ООУ „Ванчо Прке -Делчево„ што впрочем и сме.
  2. Претседателе Парасков, пишуваш дека си бил поттикнат да го дадеш демантот од прашања на членови и „нечленови„ и коментари по социјалните мрежи?!? – Од кога Претседателот на СОНК РО Делчево е задолжен освен на прашањата на членовите, да се повикува и на прашањата на нечленовите?
  3. Кажуваш дека КСС и СОНК не земаат учество во протестите организирани од ССМ, затоа што не се повикани…(со покана, како за на свадба?) оти тие се на друга планета па не се во тек со нашето секојдневие…затоа ли? –
  4. Дали претседателе Парасков за синдикализмот во СОНК и КСС има друга , поинаква дефиниција отколку кај другите синдикати, или дефиницијата за синдикализам е универзална…..Ти ја знаеш ли претседателе ? ….добро е што не сте пожарникар, оти ако бевте и некаде се случеше пожар, ако не ве повикаа или поканеа вие ќе си стоевте покрај пожарот гледајќи како гори без да превземете нешто…се разбира не затоа што не можете, туку затоа што не сте поканети или повикани.
  5. Следно кажуваш дека КСС и СОНК се социјални партнери со Владата и работодавачите.?!? – Вие се јавувате како служба за односи со јавноста на Владата и работодавачите, или како синдикалец кој се бори за работничките права?

Претседателе на СОНК РО-Делчево Александар Парасков, во петокот 30.01.2026 доаѓате во нашето училиште ненајавено без да ме побарате (не дека тоа е забрането) со цел да одржите состанок со членовите на СОНК од нашето училиште, ама притоа ниту ме информирате за да ви закажам состанок, ниту пак ми јавувате дека сте дојдени за состанок, туку одите кај Директорот на училиштето за заедно со него влезете во наставничката канцеларија со цел ненајавено да држите состанок. Можеби и не бил твој личен изборот така да направиш…можеби си изманипулиран од некој …тоа и не е толку битно ….ти си знаеш (која ти беше логиката да го заобиколиш Претседателот на СОНК на ООУ „Ванчо Прке“- Делчево, и да бараш Директорот на училиштето да дојде со тебе и да те претстави на членовите на СОНК од училиштето, мислеше дека ќе настапиш пред колегите од позиција на моќ и со ароганција, дека ќе ги исплашиш со тоа што доаѓаш не со претставникот на СОНК на училиштето туку со Директорот кој за воља на вистината постапи коректно со тоа што воопшто не се вмеша во дискусијата ……Дека под притисок ќе ги уплашиш колегите бидејќи според тебе тие не знаат сами да мислат и ти ќе ги просветлиш, и научиш што е правилно а, што погрешно?)
За твоите инсинуации и за тоа дека некој делува политички, се сложувам со тебе, бидејќи твоето делување е на процена на целото членство….дали е во интерес на работничките права или во застапување на интереси кои не се на работниците. А за тоа дека некој бил партиски определен…во право си….сите членови на синдикатот се и членови на некоја партија…не има од сите партии, впрочем и ти си член на партија што според мене е сосема легитимно. Ама во синдикатот сите подеднакво сакаме да си ги оствариме своите права….без разлика која политичка гарнитура е на власт….на крајот на денот платите не ги добиваме според тоа кој на која партија е член туку според тоа што сме го работеле и бараме да ни биде платено достоинствено без разлика кој е власт, а кој опозиција. (Ако сакаш да се обидеш да кажеш зошто порано не сум рееагирал така како сега….немој…ќе згрешиш….и за време на претходната Влада на штрајкот пред 3 години, кога ти и Раководството на СОНК и КСС гласавте за прекинување на штрајкот јас гласав против прекинување на штрајкот..јавно се гласаше.) Нели ти беше срам да излезеш пред колегите- просветни работници за да им кажеш дека се изманипулирани, небаре ти си паметниот а ние самите не знаеме да мислиме.
Ние просветните работници, учителите кои имаме обврска да ги образуваме и воспитуваме најмладите, да ги почитуваат основните морални вредности и норми, да го развиваат своето мислење и ставови врз истите, да го развиваат чувството за праведност, вистинољубивост, почитувањето на различни мислења кое треба да го манифестираме во секојдневието со примери…..дека ќе дозволиме некој да не манипулира? Ете верувам дека и самиот се увери дека не може, Твојот обид тоа да го направиш беше безуспешен. Што мислите за општеството во кое живееме, кој е најмногу одговоре за тоа какво е? Просветните работници! Ама просветни работници, кои ќе можат достоинствено, јасно и недвосмислено и без страв слободно да ги изнесат своите ставови без да ги игнорираат другите.
Претседателе Парасков, Вие сте просветен работник, осмели се и слободно искажи ги твоите ставови без страв. Ни кажуваш дека СОНК овозможил и ќе има зголемување на платите, и дека ние не требало да даваме поддршка на другите. (дали мислиш дека тоа зголемување е доволно, и дали мислиш дека некој ни подарува нешто што не сме заслужиле?) Претседателе на СОНК на РО – Делчево Парасков, Претседателе на СОНК Јаким, и Претседателе на КСС Благоја, Учителот секој ден ја гледа состојбата на општеството пресликана во училницата преку своите ученици и нивните родители, а не преку равенки од типот: х- паричка, у- паричка, z-паричка , лоша пресметка и погрешен резултат. Тие што земаат минимални плати, се дел од родителите и семејствата на нашите ученици, кои не можат да врзат крај со крај. Оние кои имаат можност да си заминат од државата принудени од сиромаштијата, не се мислат туку си заминуваат, а потоа си ги земаат и децата со нив.
Претседателе Парасков, објаснувавте дека ако ги поддржуваме работниците за 600 евра минимална плата тие ќе не стигнеле нас со платите…(чудните наши плати големи) Добро, да речеме сите да ве послушаат, и нема да ги поддржиме протестите… нема да се покачи минималната и другите плати …иселувањето ќе си продолжи, младите ќе си заминат децата ( учениците) ќе си ги повлечат со нив. Ние ќе си молчиме, ќе си седиме од страна и кога нашите „големи плати„ нема да бидат доволни да се врзе крај со крај, тогаш ние ќе бараме покачување, ќе протестираме, штрајкуваме. Знаеш што логично следува? Нема да има кој нас да не поддржи, оние што треба да ја покачат платата ќе ни речатдека сме превработени, нема доволно ученици, и за да нема бркање од работа ќе биде добро да си молчиме и да не креваме врева, оти и тоа што го земаме ни е многу. И тогаш Претседателе како спасители на сцена ќе се појави раководството на КСС и СОНК со историски остварена победа дека успеале да не заштитат никој да не биде избркан од работа. Логично ние сите треба да се наредиме и да аплаудираме, можеме да викаме браво, како да е историски најголемо достигнивање на синдикатите.

И на крајот, бидејќи сакате да дефокуситате, спинувате, манипулирате (претпоставувам за да го сокриете вашето однесување, политичко или било какво друго) обвинувате за политички и партиски делувања. За да ви помине приказната што сакате да ја протуркате во јавноста дека некој делува партиски или политички треба да докажете две работи
1.Дека сите работницин што ги бараат своите права се членови на една иста политичка партија. 2. Дека сите работодавачи се членови на иста политичка партија која е различна од онаа на која и припаѓаат работниците кои што си ги бараат правата. А, за тоа дека никако не може да ви помине приказната доказ е дека сите пратеници едногласно си ги зголемија платите за нив и државните функционери за 78 проценти, без разлика на нивната партискаа припадност. (замисли си, немало никој да се побуни за партиско или политичко делување) И, на чиј грб си ги зголемија платите? На грбот на тие што денес не ги поддржувате и ги етикетирате дека политички протестираат и штрајкуваат, ама не за 78 проценти покачување, туку за една подостоинствена плата да можат да врзат крај со крај. И да, членовите на синдикатите во исто време можат да бидат и членови на некоја политичка партија, што е сосема легитимно, ама работничките права се универзални. Раководствата на синдикатите се бираат од членството, за да ги застапуваат барањата и правата на членовите – работниците, а не обратно, работниците да се однесуваат и да мислат како што ќе им наложи раководството. Синдикалци, синдикализмот претставува заедничко делување на работниците и борбата за остварување на работничките права за достоинствен живот и зачувување на достоинството на работникот. Само обединети можеме да ги оствариме нашите права.
Целосна поддршка на протестите за зголемување на минималната и останатоте плати и остварување на работничките права!!!

   Гоце Стоиловски- Претседател на СОНК при ООУ„ Ванчо Прке “од Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*