
Со цел унапредување на училишната средина и поттикнување на еколошката свест, дел од учениците заедно со вработените во СОУ „М.М. Брицо“ – Делчево активно учествуваа во уредување и збогатување на зелените површини во училишниот двор.
Акцијата се реализираше со голема посветеност и ентузијазам, а резултатот е значително поубав и попријатен училишен простор. Во рамки на активноста беа засадени садници од Thuja cupressus, донирани од Општина Делчево.
Од училиштето упатуваат искрена благодарност до Општина Делчево и до Градоначалникот за поддршката и донацијата, кои претставуваат значаен придонес за создавање поздрава и позелена училишна средина.
Преку вакви практични активности, кај учениците се развива љубовта кон природата, чувството на одговорност и свеста за значењето на заштитата на животната средина, како важен дел од воспитно-образовниот процес


Leave a Reply