ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО СО НОВ РАСПОРЕД ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општина Делчево ја информира јавноста дека од понеделник, 9 февруари, стапува во сила нов Распоред за одржување на јавното осветлување на територијата на општината.

Со новиот распоред јасно се дефинирани деновите и населените места во кои екипите на Општина Делчево ќе вршат замена на старите и нефункционални светилки со нови.

Целта на оваа нова организација на работата е навремено и поефикасно решавање на проблемите со јавното осветлување, како и намалување на незадоволството кај граѓаните предизвикано од дотраената инфраструктура.

Се очекува подобрување на:

  • видливоста во населените места,
  • безбедноста во сообраќајот,
  • сигурноста на граѓаните,
  • квалитетот на живот во Општина Делчево.

РАСПОРЕД ЗА ПОСТАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ПОНЕДЕЛНИК

  • Милково Брдо (секоја недела)

ВТОРНИК

  • Прва недела во месецот:
    Ново Делчево, Старо Собрание, Пролет
  • Втора недела во месецот:
    Звегорска Река, Звегор, Габрово
  • Трета недела во месецот:
    Ново Делчево, Старо Собрание, Пролет
  • Четврта недела во месецот:
    Звегорска Река, Звегор, Габрово

СРЕДА

  • Прва недела во месецот:
    Први Реон, Втори Реон, СРЦ
  • Втора недела во месецот:
    Трети Реон, Стар Расадник
  • Трета недела во месецот:
    Први Реон, Втори Реон, СРЦ
  • Четврта недела во месецот:
    Трети Реон, Стар Расадник

ЧЕТВРТОК

  • Интервентни работи (по пријава)

ПЕТОК – СЕЛА

  • Прва недела во месецот:
    Нов Истевник, Стар Истевник, Разловци, Гработивци
  • Втора недела во месецот:
    Град, Вирче, Стамер
  • Трета недела во месецот:
    Чифлик, Басарица, Полето, Очипала, Студена Чешма
  • Четврта недела во месецот:
    Драмче, Селник, Бигла, Илиово, Турија и Вратиславци

Од Општина Делчево ги повикуваат граѓаните доколку имаат проблеми со јавното осветлување на улиците каде што живеат, да поднесат соодветно барање до Општината за замена на светилките.

Општина Делчево продолжува со активности насочени кон унапредување на јавната инфраструктура и создавање побезбедна средина за сите граѓани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*