ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР НА ПОСТИ И БЛАЖЕЊЕ ВО ТЕКОТ НА ГОДИНАТА

Православната Црква во текот на годината определува повеќедневни и еднодневни пости, како и седмици во кои не се пости. Овие периоди имаат духовно значење и се повик за воздржание, молитва и духовно обновување.

Повеќедневни пости

  • Велигденски пости: од 23 февруари до 11 април
  • Апостолски пости: од 8 јуни до 11 јули
  • Богородични пости: од 14 до 27 август
  • Божикни пости: од 28 ноември до 6 јануари

Еднодневни пости

  • Секој среда и петок, освен во седмиците кога не се пости
  • Водокрст (спроти Богојавление) – 18 јануари
  • Отсекување на главата на св. Јован Крстител – 11 септември
  • Крстовден – 27 септември

Седмици во кои се блажи

  • Од Божик до Водокрст: 7 – 17 јануари
  • Седмица на митарот и фарисејот: 1 – 7 февруари
  • Сирна седмица: 15 – 21 февруари
  • Светла седмица: 12 – 18 април
  • Духовденска седмица: 31 мај – 6 јуни

Овие периоди се важен дел од православната традиција и им помагаат на верниците подобро да се подготват за големите христијански празници, не само преку телесен пост, туку и преку духовна надградба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*