Смилевска: Ковачки е симбол на посветеност и интегритет, со Мицкоски ќе бидат силен тим

Христина Смилевска од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ преку објава на социјалните мрежи упати силна поддршка за новоизбраниот генерален секретар на партијата, Драган Ковачки, истакнувајќи ја неговата долгогодишна служба и личен интегритет.

Таа нагласува дека Ковачки повеќе од три децении е активен во служба на државата, почнувајќи од одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како припадник на специјалните сили на Армијата, па сè до неговото делување како пратеник во Собранието, каде, како што наведува, водел принципиелна и бескомпромисна борба за зачувување на македонскиот углед и чест.

„Имав можност лично да соработувам со Драган Ковачки и да го запознаам како човек кој е длабоко посветен на македонската кауза, но и како личност со висок морален интегритет, силна работна етика и чувство за одговорност“, истакнува Смилевска.

Таа додава дека е уверена оти Ковачки и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе функционираат како одличен тим, кој ќе се соочи со претстојните предизвици со храброст и решителност.

„Со вакво лидерство и вакви луѓе, довербата е оправдана, а иднината на Македонија може да биде стабилна и сигурна“, порачува Смилевска.

Во своето прво обраќање по изборот на функцијата генерален секретар, Драган Ковачки истакна дека довербата што му е укажана претставува голема чест, но и сериозна одговорност.

„Да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски е огромна чест. Оваа доверба е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија. Продолжуваме обединети, со јасна визија и цел – нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужуваат граѓаните“, порача Ковачки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*