
На 19.02.2023 година во рамките на проектот СУПЕРУЧИЛИШТА (SUPERSCHOOLS RYCO) 2026 ДЕЛЧЕВО – ТИРАНА, поддржан од Regional Youth Cooperation Office, се реализираше Интеркултурна работилница во просториите на КУД „Гоце Делчев“ Делчево.
Во работилницата учествуваа ученици и професори од Средно Техничко Економско училиште Тирана, Република Албанија и СОУ „Методи Митевски – Брицо“ Делчево. Вкупно беа вклучени 15 ученици и 2 професори од Тирана и 15 ученици и 2 професори од Делчево.

Работилницата ја водеше професионалниот уметник и кореограф Зенил Реџепов Стручни, кој преку интерактивни методи, уметнички израз и практична работа овозможи вистинска средба и „судир“ на двете култури во позитивна и креативна атмосфера. Преку игра, движење и тимска соработка, младите имаа можност да ги споделат своите традиции, вредности и искуства, создавајќи нови пријателства и градејќи меѓусебна доверба.
Оваа младинска размена претставуваше значаен чекор кон продлабочување на интеркултурниот дијалог, развивање на толеранција и почитување на различностите, како и поттикнување на младинско лидерство и соработка на повисоко ниво меѓу двете земји.


Leave a Reply