
Во рамки на проектот „Промо турнеја – Тумба Маџари во основните училишта во Македонија“, учениците од Берово, Пехчево и Делчево имаа уникатна прилика да ја запознаат историјата на неолитскиот локалитет Тумба Маџари.
Проектот, поддржан од Министерството за култура и туризам, во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија, има за цел да го приближи богатото културно наследство до најмладата генерација.
Преку презентации, проекции на филм, и интерактивни активности, учениците научија за значењето на локалитетот и ја видоа Големата мајка богинка, симбол на Тумба Маџари и Скопје. На учениците им беа поделени флаери, стикери и постери, со што нивниот контакт со историјата стана уште позабавен и достапен.

Проектот започна на 18 февруари 2026 година и продолжува да ги посетува училишта низ целата земја, со цел Тумба Маџари да стане дел од секое училишно искуство.

Leave a Reply