
Во рамки на проектот Superschools – Суперучилиште, учениците од нашето училиште, заедно со ученици од средното економско и техничко училиште од Тирана, имаа уникатна можност да го посетат делчевскиот бизнис сектор и одблиску да се запознаат со реалната работа и претприемништвото.
Првата станица беше компанијата „Брегал“, каде што се одржа работилница на тема мотивација за креирање успешен бизнис. Учениците слушнаа од самите сопственици за почетоците на компанијата, предизвиците на патот кон успехот, како и за професионалниот и личниот развој што го носи претприемништвото.

Следна беше компанијата „Фротирка“, една од најголемите компании за фротир во регионот, каде учениците се запознаа со производствениот процес, организацијата и менаџирањето на компанијата. Воедно, добија можност да слушнат инспиративни успешни приказни од луѓето кои секојдневно го создаваат производот и го развиваат бизнисот.

Учениците беа срдечно пречекани и заминаа со нови знаења, мотивација и силни впечатоци, додека компаниите ја покажаа својата посветеност на развојот на младите и на поврзувањето со образованието.
🍀 Благодарност до „Брегал“ и „Фротирка“ за поддршката и соработката!
#Superschools #Суперучилиште #Ryco #WB #EU #ПоврзувањеСоБизнисСекторот

Leave a Reply