
ООЦК Делчево со голем ентузијазам ја започна новата волонтерска приказна и официјално го отвори ЦКА–ПХВ циклусот за 2026 година.
Во рамки на првата работилница, одржана на 20 февруари 2026 година, ученици од основните училишта од Делчево и Македонска Каменица имаа можност да се запознаат со програмата, целите и вредностите на ЦКА–ПХВ проектот. Посебен акцент беше ставен на значењето на волонтерството и хуманоста, како и на историјатот, основањето и мисијата на Црвен крст.

Работилницата помина во исклучително позитивна и инспиративна атмосфера, исполнета со енергија, смеа и ентузијазам. Учесниците покажаа високо ниво на активност, посветеност и креативност, активно се вклучуваа во дискусиите и задачите и уште од самиот почеток докажаа дека оваа генерација носи голем потенцијал за идни хумани иницијативи.
Со многу возбуда и мотивација, ООЦК Делчево го започнува овој нов циклус, подготвен за нови идеи, дружења и хумани дела кои ќе остават позитивна трага во заедницата. Проектот штотуку започна – а најубавото допрва следува. 💫


Leave a Reply