Предавање во живо со д-р Жарко Костиќ на 3 март во Македонска Каменица

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – Во Градското кино во Македонска Каменица, на 3 март, со почеток во 19 часот, ќе се одржи предавање во живо со д-р Жарко Костиќ, на кое ќе бидат опфатени повеќе актуелни теми од областа на психологијата и меѓучовечките односи.

Предавањето е насочено кон подобро разбирање на влијанието на емоциите од околината врз поединецот, како и кон развивање на вештини за справување со стрес, страв, негативни мисли и прекумерно размислување.

Меѓу темите што ќе бидат обработени се и: препознавање и справување со емоционални манипулатори, зајакнување на самодовербата и сигурноста во себе, справување со неодлучноста, влијанието на одредени луѓе врз емоционалната стабилност, како и намалување на зависноста од мобилните телефони. Дел од предавањето ќе биде посветен и на односите меѓу генерациите, љубовта и љубомората.

Цената на влезницата изнесува 500 денари, а во тек е и промотивна понуда „Дојди со пријател“, при што две влезници можат да се набават по цена од 700 денари.

За резервации и дополнителни информации достапен е телефонскиот број 078/261-771.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*