
Деана Величковска постигна три гола за женската пионерска ракометна репрезентација на Македонија во првиот натпревар на меѓународниот турнир „Трофеј Србија“. Поранешната ракометарка на РК Делчево ги постигна првите два гола за македонската W-16 селекција, како и 19-от погодок за националниот тим на средбата.
Женската пионерска репрезентација на Македонија на првиот натпревар на турнирот беше поразена од селекцијата на Австрија со резултат 32:22.
Во првото полувреме македонските ракометарки одиграа рамноправно со противникот. Иако Австрија во еден период имаше предност од три гола, македонските пионерки успеаја да се вратат и да израмнат, па дури и да поведат. Сепак, две грешки во финишот на првиот дел му овозможија на противникот на паузата да замине со предност од 15:13.
Во второто полувреме селекцијата на Австрија ја презеде иницијативата и доминираше на теренот. По резултатот 24:20, противничката екипа направи серија и се одлепи на 28:20, по што веќе немаше дилеми околу победникот на средбата.
На турнирот „Трофеј Србија“ младите македонски ракометарки утре ќе се соочат со домаќинот Србија, додека задутре ќе го одиграат и натпреварот против селекцијата на Црна Гора. 🤾♀️

Leave a Reply