Наградени најактивните читателки во ЈЛБ „Илинден“ во пресрет на 8 Март

Во пресрет на Меѓународен ден на жената – 8 Март, ЈЛБ „Илинден“ – Делчево традиционално ги награди своите најактивни читателки, одбележувајќи ја улогата на жените во промоцијата на културата на читање.

Како што информираа од библиотеката, жените и понатаму доминираат меѓу членството, а по тој повод секоја година се избираат и се наградуваат читателки кои во текот на годината покажале континуитет и голема љубов кон книгата.

Во рамки на годинашното одбележување, библиотеката избра три редовни читателки кои беа гости на установата и добија симболични подароци – цвеќе и книга. Наградени се: Марија Илиевска, Тања Лазаревска и Роза Дамјановска.

Од библиотеката изразија надеж дека наградените читателки и понатаму ќе останат редовни посетители и пример за љубовта кон читањето, потенцирајќи дека книгата има посебна моќ да инспирира и да поттикнува личен развој.

– Жената што чита никогаш не старее, таа постојано расте, порачуваат од библиотеката, истакнувајќи ја важноста на читањето како навика која ја збогатува личноста и општеството.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*