
Граѓаните кои добиле ваучери за набавка на инвертер клима уреди преку мерките на Министерството за енергетика, имаат можност за брза и едноставна реализација на истите преку компанијата Мак Мобиле Дел од Делчево.
Станува збор за субвенции во висина до 28.000 денари, наменети за набавка на инвертер клима уреди со моќност до 3.5 kW, согласно условите на програмата.
Од компанијата информираат дека нудат комплетна услуга – од избор на соодветен уред, па сѐ до негова професионална монтажа. На граѓаните им стојат на располагање и стручни совети за избор на најдобра клима, во зависност од потребите и просторот.
„Нашата цел е клиентите да добијат квалитетно решение без дополнителни грижи. Обезбедуваме брза и професионална монтажа, како и целосна реализација на ваучерот“, велат од компанијата.
Сите заинтересирани граѓани можат да се информираат и да закажат услуга на телефонскиот број 071 267 375.
Со оваа мерка се очекува зголемување на енергетската ефикасност во домаќинствата, како и намалување на трошоците за греење и ладење.


Leave a Reply