
Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова денеска учествуваше на консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерство за локална самоуправа и Програма за развој на Обединетите нации.
На настанот присуствуваа градоначалници, претставници од општините, институциите и меѓународните партнери, при што беа отворени значајни прашања поврзани со унапредување на меѓуопштинската соработка, поефикасно искористување на ресурсите и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.
Преку размена на искуства и добри практики, учесниците потенцираа дека заедничкиот пристап е клучен за справување со предизвиците на локално ниво, особено кај помалите општини.
„Меѓуопштинската соработка претставува важен сегмент за одржлив развој, каде преку здружување на капацитетите се постигнуваат подобри и подолгорочни резултати“, беше истакнато на настанот.
Од Општина Македонска Каменица нагласуваат дека и понатаму остануваат посветени на транспарентни и инклузивни процеси, како и на градење партнерства кои носат реални придобивки за граѓаните.

Leave a Reply