Делчево – Младите од Црвениот крст со интеркултурен проект за промоција на традицијата

Во просториите на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево денеска се одржа работна средба со претставници од младите на Црвен крст, на која беше презентиран нивниот интеркултурен проект насочен кон промоција на културните вредности, традициите и обичаите од општината.

На средбата, соработникот за фолклор и сценско-уметничка дејност при Центарот за култура, Кристијан Трајановски, ги запозна присутните со богатството на народните носии, традиционалните обичаи и фондот на носии со кои располага фолклорната група при установата.

Во рамки на проектот, младите работат на изработка на книга посветена на културното наследство на делчевскиот регион. Во публикацијата ќе бидат опфатени традиционалните обичаи, народната носија и начинот на живеење на луѓето од овој крај.

Книгата е предвидено да биде преведена на три јазици, со што културното богатство на регионот ќе стане подостапно за поширока публика и ќе придонесе за унапредување на меѓусебното разбирање и почитување на различностите.

Од Центарот за култура изразија поддршка за иницијативата, нагласувајќи дека е особено значајно што младите активно се вклучуваат во зачувување и промоција на традицијата, вредностите и културниот идентитет на својот крај.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*