„ Еден свет за сите“ порачаа учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“

Денешниот ден-2 Април кој е прогласен за Меѓународен ден на лицата со аутизам, деветолетката „Св. Климент Охридски“ Делчево, го одбележа со разни активности и работилници на учениците под мотото „Еден свет за сите“.

-Одбележувањето всушност беше збир на креативни идеи и пораки коишто произлегоа од учениците, со поддршка на специјалните едукатори и рехабилитатори. На работилниците беше презентирана презентација и краток анимиран филм за аутизмот, со цел подигнување на свеста кај учениците за лицата со аутизам, прифаќање на различностите кај децата и рушење на бариерите, предрасудите и дискриминацијата кон овие лица, истакнаа од училиштето.

Во рамки на одбележувањето беа реализирани и разни активности преку иницијатива за подигнување на јавната свест за лицата со аутизам преку делење на брошури, картички и балони во сина боја од страна на учениците во институциите и на случајни минувачи во градскиот парк во градот Делчево. Обоени во сино, со повик за хуманост, заемно разбирање и за другарство, пораките на децата треба да допрат до срцата на сите деца во светот.

„ Еден свет за сите“, се вели во завршната порака на учениците.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*