Денеска во Скопје, по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, се одржа свечен собир во организација на Македонското лекарско друштво.
Настанот започна во 13:00 часот, а свечено го отвори претседателот на Македонското лекарско друштво, проф. д-р Горан Димитров, кој во својот поздравен говор ја истакна важноста на здравствениот систем и улогата на медицинските работници во унапредување на јавното здравје.
Свое пригодно обраќање имаше и министерот за здравство, Азир Алиу, кој се осврна на актуелните предизвици и реформите во здравствениот сектор, потенцирајќи ја заложбата за подобрување на условите и квалитетот на здравствените услуги.
На присутните им се обрати и претставникот на Светската здравствена организација во Македонија, д-р Аким Али, кој ја нагласи важноста на глобалната соработка и превенцијата во здравството.
На настанот присуствуваше и Благој Механџиски, како претставник на една од најголемите фармацевтски компании во Македонија и регионот, што дополнително ја истакна поврзаноста меѓу здравствениот систем и фармацевтската индустрија.
Свечениот собир помина во духот на одбележување на значењето на здравјето како врвен приоритет и потсетник за заедничката одговорност во грижата за јавното здравје.











Leave a Reply