Теренска едукација во Берово за превенција од шумски пожари

Мешана патрола составена од претставници на ТППЕ Берово, ОВР Берово, Шумската полиција и ЈП „Национални Шуми“ – Берово, во соработка со Локалниот совет за превенција при Општина Берово, спроведе теренска едукација на населението со цел подигнување на свеста за превенција од шумски пожари.

Во рамки на активностите, преку директна комуникација со граѓаните беа споделени информации и препораки за безбедно однесување во шумските предели, особено во периоди кога постои зголемен ризик од појава на пожари.

Надлежните институции апелираат до граѓаните да се движат внимателно во шума, да не палат оган на отворен простор и да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожар.

Оттаму потенцираат дека со одговорно однесување, секој поединец може да придонесе за заштита на природните богатства и спречување на штети со сериозни последици врз животната средина.

Воедно, од институциите упатуваат апел до граѓаните, доколку забележат чад или оган, веднаш да пријават на бројот 112 – европски број за итни повици. Дополнително, во функција останува и бројот 193, на кој исто така може да се пријават пожари и други итни ситуации. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*