Нови канти за селекција на пластичен отпад во Делчево

По иницијатива на градоначалникот Иван Гоцевски, во месните заедници во Делчево се обезбедени 125 канти за селекција на пластичен отпад, кои ќе бидат ставени на располагање на повеќе населени места.

Со оваа мерка се создаваат подобри услови за правилно одлагање и рециклирање на отпадот, но и се придонесува кон намалување на пластиката која во минатото често завршуваше во природата.

Иницијативата има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за важноста од заштита на животната средина и да поттикне одговорно однесување.

💚 Да ја чуваме природата заедно – секое мало дело прави голема разлика, истакна Гоцевски на фејсбук.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*