
Младиот Павле Богдановски од Делчево на 21 година постигна извонреден успех освојувајќи го првото место на Државното првенство во боди билдинг, кое се одржа во Скопје.
Под водство на неговиот тренер Петар Богдановски, кој воедно е и негов брат, Павле доминираше и се закити со титулата најдобар и во сениорска и во јуниорска конкуренција, потврдувајќи го својот квалитет и посветеност на спортот.
„Ова е одлична увертира за она што следува“, истакна тренерот Петар Богдановски, најавувајќи го следниот голем предизвик – настапот на Европското првенство.
Европското првенство во боди билдинг ќе се одржи од 30 април до 4 мај во Санта Сузана, Шпанија, каде Павле ќе ја претставува Македонија и ќе има можност да се натпреварува со најдобрите во Европа.
Со овој успех, Павле Богдановски уште еднаш покажа дека македонскиот боди билдинг има светла иднина. Богдановски е меѓу најсериозните кандидати за освојување златен медал на Европското првенство, со што би го надминал неговиот брат Петар Богдановски кој пред 4 години освои бронзен медал.
https://youtube.com/shorts/pjRBj46mRSw?feature=share









Leave a Reply