Делчево – Целовечерен концерт „Волшебна флејта“ во Спомен-дом АСНОМ

Делчево, 27 април 2026 – Во фоајето на Спомен-домот АСНОМ во Делчево на 28 април (вторник) ќе се одржи целовечерен концерт со наслов „Волшебна флејта“, кој ќе донесе вечер исполнета со емоции, виртуозност и класична музика.

Концертот започнува во 19:00 часот, а на сцената ќе настапат м-р Елена Ѓеоргиевска и м-р Биљана Биљарска, кои ќе изведат дела за флејта и пијано.

Како дел од програмата се најавени и аранжмани на Дејан Ѓеоргиевски – Ѕене, кои ќе придонесат за уметничката целина на концертот и неговата посебна атмосфера.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со музичко доживување и уникатна комбинација на флејта и пијано, со цел публиката да ужива во пријатна и интимна концертна атмосфера.

Концертот е отворен за сите љубители на класичната музика.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*