Во просториите на Историско-етнолошкиот музеј во Берово денеска беше отворена гостинска ликовна изложба, организирана во рамки на одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание.
Изложбата е во организација на Домот на културата „Димитар Беровски“ – Берово, во соработка со Општина Берово, а на неа се претставени детски ликовни творби на тема „Цвеќе и детска недела“, изработени од членовите на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица, како и од ученици од Берово.
На изложбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој истакна дека преку ваквите настани се поттикнува развојот на детската креативност, уметноста и културата кај најмладите.
– Преку боите, креативноста и искреноста на детските дела уште еднаш се потврдува колку е важно да го негуваме детското творештво, културата и уметноста како дел од нашето културно наследство и нашата иднина, посочи Ружински.
Организаторите информираа дека изложбата е отворена за сите посетители.

Leave a Reply