„Дрво на хуманоста“ засадено во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“ во чест на учениците-хуманитарци

Во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“ е засадено „Дрво на хуманоста“ како симбол на добрината, солидарноста и заедништвото, во знак на благодарност кон учениците кои активно учествувале и организирале хуманитарни активности.

Од училиштето информираат дека со овој чин им се оддава признание на учениците за нивната хуманост, посветеност и несебичност, потенцирајќи дека вистинските вредности живеат токму меѓу младите.

– Нека расте „Дрвото на хуманоста“ и нека нè потсетува дека секое добро дело остава трајна трага. Горди сме на нашите ученици и на нивната желба да помогнат таму каде што е најпотребно – наведуваат од училиштето.

Во објавата се додава дека примерот на учениците треба да биде поттик и мотивација и за останатите ученици да продолжат да градат дух на хуманост, солидарност и емпатија.

Од училиштето порачуваат дека хуманоста е една од најважните животни лекции што младите треба да ја научат и да ја пренесуваат понатаму.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*