Во рамки на активностите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, целосно е реконструирана улицата „Орце Николов“ во Делчево, каде се поставени технички средства за забавување на сообраќајот, како и современа сообраќајна опрема и сигнализација.
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, информира дека со новото уредување улицата добива модерен и функционален изглед, со што значително се подобрува безбедноста за граѓаните и сите учесници во сообраќајот.
– Со новото обележување на просторот добивме уште една безбедна и уредена улица во Делчево, во интерес на граѓаните. Продолжуваме со активности и на останатите улици низ градот, а ваквиот начин на уредување и зголемување на безбедноста ќе стане пракса и во иднина, со цел да создадеме поквалитетна сообраќајна инфраструктура за сите – изјави Гоцевски.
Од локалната самоуправа посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со инвестиции во патната инфраструктура, со фокус на безбедноста и подобрување на условите за сообраќај

Leave a Reply