Делчево, 27 мај 2026 – Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, информира дека остварил средба со младиот и перспективен спортист Павле Богдановски, кој постигнува значајни резултати во бодибилдинг.
Како што објави Гоцевски на социјалните мрежи, Богдановски е победник во категоријата бодибилдинг јуниори до 23 години и во категоријата сениори до 80 килограми на Државното првенство. Тој, исто така, се пласирал меѓу шесте најдобри на Европското првенство во категориите бодибилдинг и класик физик за јуниори до 23 години.
Дополнително, Богдановски освоил прво место во двете категории – бодибилдинг и класик физик за јуниори до 23 години на „Херкулес Гранд При“.
– Ова се резултати кои не се постигнуваат преку ноќ. Зад нив стојат години труд, дисциплина, откажувања и силен карактер, посочи Гоцевски во објавата.
Тој истакна дека е горд што Делчево има млади луѓе како Богдановски, кои претставуваат позитивен пример за успех постигнат со работа, верба и истрајност.
Градоначалникот изрази уверување дека најголемите успеси за младиот спортист допрва следуваат и дека ќе продолжи достојно да ја претставува државата на меѓународната сцена.

Leave a Reply