Македонска Каменица – Стаменкова: Продолжуваме да инвестираме во безбедноста на пожарникарите и граѓаните

Македонска Каменица, 3 јуни 2026 (МИА) – Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица доби пет нови изолациони (дишни) апарати од производителот „Дрегер“, набавени преку компанијата „Армор Плус“ од Скопје, во вкупна вредност од 585.000 денари со вклучен ДДВ.

При посетата на ТППЕ, градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, истакна дека станува збор за најсовремена заштитна опрема која ќе придонесе за поголема безбедност и ефикасност на пожарникарите при интервенции во услови на пожар, чад и други опасни ситуации.

– Нашите пожарникари секојдневно се изложуваат на ризик за да спасуваат човечки животи и материјални добра. Затоа, наша обврска е да им обезбедиме современи средства и соодветни услови за работа што ќе им овозможат максимална заштита при извршувањето на нивната задача, изјави Стаменкова.

Таа нагласи дека Општина Македонска Каменица останува посветена на континуирано вложување во противпожарната заштита и најави дека до крајот на годината е предвидена набавка на дополнителна опрема и средства за потребите на ТППЕ.

Според Стаменкова, со ваквите инвестиции се зајакнуваат оперативните капацитети и подготвеноста на единицата за брза и ефикасна реакција во итни ситуации.

– Силна и добро опремена противпожарна единица значи посигурна и побезбедна Македонска Каменица за сите граѓани, порача градоначалничката.


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*