Голем успех за делчевските ученици – со одлични настапи на регионалниот турнир обезбедија место меѓу најдобрите екипи во државата.
Учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Делчево остварија значаен спортски успех, откако на Регионалните спортски игри „Плазма“ го освоија првото место и обезбедија пласман на претстојниот Државен натпревар.
Со борбеност, тимски дух и одлична игра, младите спортисти достојно го претставија своето училиште и Делчево, покажувајќи дека посветената работа и спортскиот ангажман носат врвни резултати.
Регионалните спортски игри „Плазма“ претставуваат дел од натпреварувачкиот систем што има за цел да ги поттикне учениците кон активно спортување, фер-плеј и здрави животни навики, а воедно се и можност за откривање на нови млади спортски таленти.
По освоеното прво место, делчевските ученици ќе имаат можност своите квалитети да ги покажат и на државното финале, каде ќе се натпреваруваат со најдобрите екипи од целата земја.
Од училиштето упатија честитки до учениците и нивните ментори за постигнатиот успех, со желби за уште подобар настап на претстојниот Државен натпревар.
Редакцијата на Делчево365 им честита на учениците и им посакува многу среќа, успешни настапи и нови победи на државното натпреварување.


Leave a Reply