Од денеска започна првиот електронски уписен рок за запишување ученици во прва година во средното образование за учебната 2026/2027 година. Од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ Делчево ги информираат идните средношколци и нивните родители дека електронското пријавување ќе трае до 15 јуни.
Пријавувањето се реализира преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, со најава преку корисничките сметки на schools.mk, а рокот за електронско аплицирање започна на 12 јуни во 00:00 часот и ќе трае до 15 јуни до 23:59 часот.
По завршувањето на електронската апликација, кандидатите ќе треба лично да ја достават потребната документација во училиштето. Документите ќе се примаат на 16 јуни од 08:00 до 19:00 часот и на 17 јуни од 08:00 до 15:00 часот.
Конечните ранг-листи со резултатите од запишувањето, како и информациите за слободните места, ќе бидат објавени на 18 јуни најдоцна до 12:00 часот на огласната табла во училиштето и на официјалната веб-страница на СОУ „Методи Митевски – Брицо“ Делчево.
Од училиштето им посакуваат успешно пријавување на сите деветтоодделенци и ги покануваат да станат дел од средношколското семејство на СОУ „Методи Митевски – Брицо“.

Leave a Reply