Нов бутик STEP STYLE во Делчево – од денес со богата понуда на машка, женска и детска гардероба

Делчево од денес доби уште едно ново место за љубителите на модата. Свечено започна со работа бутикот STEP STYLE, кој на едно место нуди современа машка, женска и детска гардероба.

Екипата на Delcevo365 беше на лице место пред официјалното отворање и забележа уреден и модерен продажен простор, исполнет со голем избор на облека за сите генерации. Новиот бутик нуди разновидни модели, следејќи ги актуелните модни трендови, со цел секој посетител да може да пронајде нешто по свој вкус.

Првите купувачи уште од раните часови покажаа интерес за понудата, а од бутикот најавуваат редовно освежување на асортиманот со нови колекции и модели.

Доколку сте во потрага по нови модни комбинации за вас или за вашето семејство, STEP STYLE ве очекува од денес во Делчево.

📹 Погледнете го видеото од отворањето кое го подготви Delcevo365

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*