Љубителите на италијанската кујна во Делчево имаат ново место каде можат да уживаат во автентични вкусови. „Libero Ristorante Pizzeria“, ресторан кој започна со работа пред околу две недели, веќе го привлекува вниманието на посетителите со богатата понуда на пици, пасти, салати и десерти.
Екипата на tastefoodandnature го посети ресторанот и имаше можност да дегустира дел од специјалитетите. Од понудата на пици беа испробани Pizza Parma и Pizza Niko, кои се издвојуваат со внимателно одбрани состојки и автентичен италијански вкус.
Во менито се застапени и повеќе видови пасти, меѓу кои лингвини со морски плодови, карбонара, равиоли и њоки, додека љубителите на свежите оброци можат да изберат Капрезе салата или Витело Тонато.
За сладок крај, во понудата е и традиционалниот италијански десерт Тирамису.
Освен италијанските специјалитети, ресторанот нуди и вкусни бургери, со што изборот е прилагоден на различните вкусови на посетителите.
Погледнете го видеото на tastefoodandnature и откријте ја атмосферата и дел од богатата гастрономска понуда на новиот „Libero Ristorante Pizzeria“ во Делчево.

Leave a Reply