Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, оствари средба со Рок Шарлохар

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска оствари средба со Рок Шарлохар, по потекло од Делчево, кој во минатото бил и репрезентативец на Република Македонија во хокеј на мраз.

Шарлохар денес својата спортска приказна успешно ја продолжува во Република Словенија, каде што е претседател и активен играч на актуелниот шампион во хокеј на ролери, HK Dolenjeski Toplice.

Средбата беше можност за разговор и размена на искуства, но и убав повод да се истакне успехот на уште еден Делчевец кој со својата посветеност и спортски резултати го претставува родниот град и надвор од границите на Македонија.

„Ваквите средби се потсетник дека од нашето Делчево потекнуваат луѓе со големи способности, посветеност и успеси, луѓе со кои навистина треба да се гордееме“, истакна Гоцевски.

Тој на Рок Шарлохар му посака уште многу успеси на спортски и на личен план, нагласувајќи дека Делчево со гордост ги следи успесите на своите сограѓани, каде и да се.

#Делчево #Делчевци #Гордост #Спорт #Хокеј

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*