радоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, организираше прием за пожарникари, полицајци и доброволци кои при интервенцијата на големиот пожар кај селото Бигла го загрозија своето здравје поради вдишување чад.
Гоцевски истакна дека со приемот сакал лично да им изрази благодарност за нивната храброст, пожртвуваност и професионализам во одбраната на луѓето, имотите и шумите од огнената стихија која се закануваше да ја опустоши околината на Бигла.
„Кога опасноста демне, тогаш храброста зборува. Немам зборови со кои можам да ја опишам храброста, пожртвуваноста и професионализмот на нашите пожарникари и полицајци, како и ангажманот на доброволците кои беа први на борбената линија со огнените јазици“, напиша Гоцевски.
На приемот присуствуваа пожарникарот Лоренцо Трајановски, полицајците Александар Стоичовски и Филип Николовски, како и доброволците Васко Панчовски и Александар Дамјанов, кои по интервенцијата биле упатени на дополнителни медицински прегледи.
Градоначалникот информираше дека сите се чувствуваат добро и им посака брзо и целосно закрепнување. Воедно упати извинување до останатите учесници во интервенцијата кои, како што наведе, ненамерно не биле повикани на денешниот прием.
Тој нагласи дека благодарноста е упатена до сите пожарникари, полицајци, доброволци и служби кои деноноќно се на терен во борбата со пожарите, оценувајќи дека тие се првата линија на заштита и заслужуваат максимална почит и поддршка.

Leave a Reply