На поетско-музичката манифестација „Денови на македонската култура“ во Народната библиотека „Стеван Сремац“ беа претставени македонското творештво и култура
НИШ – На покана на Здружението на писатели и слободни уметници „Љиљана“ од Куманово, а во организација на Здружението на Македонци „Вардар“ од Ниш, во Народната библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш се одржа поетско-музичка манифестација во рамки на „Денови на македонската култура“.
Дел од настанот беше и поетесата Габриела Костадинова од Пехчево, која пред присутната публика се претстави со своја поезија.

Костадинова изрази задоволство што имала можност своето творештво да го претстави пред публиката во Ниш и да биде дел од манифестација посветена на македонската култура.
– Имав чест да се претставам со моја поезија пред публиката во Ниш и да бидам дел од овој прекрасен настан. Особено ми значи можноста преку поезијата да ја претставам македонската култура и творештво, истакна Костадинова.
На манифестацијата учествуваа писатели и уметници, а преку поетските и музичките настапи беше промовирано македонското културно творештво.
Настанот во Ниш претставуваше можност за културно поврзување и размена меѓу авторите и македонските здруженија, како и за дополнително претставување на македонската поезија пред публиката во Србија.


Leave a Reply