„Делчево365“ руши рекорди: Над 10,5 милиони прегледи за само еден месец!

Локалниот информативен портал Delcevo365.mk продолжува да биде првиот избор за информирање на граѓаните, а тоа го потврдуваат и најновите официјални статистички податоци. Во периодот од 20 август до 16 септември, порталот забележа импресивни резултати кои ја докажуваат огромната доверба на читателите.

Според објавената статистика за последните 28 дена, „Делчево365“ остварил:

  • 10.518.508 прегледи на своите содржини.
  • 801.997 уникатни гледачи кои активно ги следеле објавите.
  • 2.683.017 прегледи од минимум 3 секунди на видео содржините.

Од тимот на порталот упатија огромна благодарност до својата публика:

„Ви благодариме! Вашата поддршка, секој преглед, лајк и споделување ни даваат сила да продолжиме! Затоа што Делчево е нашата приказна!“

Овие бројки се уште еден доказ дека квалитетната, брза и објективна информација секогаш го наоѓа патот до публиката, позиционирајќи го Delcevo365.mk како лидер во регионот.


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*