ООЦК Делчево со шест „сонца“ и прво место на ЦКА-ПХВ 2026

Со свечен настан во Делчево беше одбележана Неделата на ПХВ и 30-годишнината од спроведувањето на Програмата „Црвен крст – Промоција на хумани вредности“ на локално ниво.

Настанот беше посветен на овогодинешната реализација на ЦКА-ПХВ 2026, во рамките на која младите од Општинската организација на Црвениот крст Делчево реализираа шест ПХВ проекти.

Сите шест проекти беа оценети со највисоката оценка – „сонце“, што придонесе ООЦК Делчево да го освои првото место на ЦКА-ПХВ 2026.

На свеченоста беа презентирани постигнатите резултати, а беа доделени и благодарници на учесниците во ПХВ проектите, мини-менторите, ПХВ дисеминаторот, соработниците, партнерите и поддржувачите кои придонеле за реализација на активностите.

Од ООЦК Делчево посочуваат дека зад постигнатиот резултат стојат младите, нивните идеи, ангажманот и желбата преку конкретни активности да придонесат за позитивни промени во локалната заедница.

Преку ПХВ-програмата, младите имаат можност да препознаат потреби во својата средина, да осмислат и реализираат проекти и преку волонтерски ангажман да придонесат кон решавање на одредени предизвици во заедницата.

– Хуманоста не се кажува – хуманоста се покажува со дела, беше пораката испратена на свечениот настан во Делчево.

Одбележувањето на 30 години ПХВ на локално ниво беше можност да се истакне и значењето на континуираното вклучување на младите во активности преку кои тие стекнуваат искуства, развиваат чувство на одговорност и придонесуваат во својата заедница.

Шест проекти, шест „сонца“ и прво место на ЦКА-ПХВ 2026 се резултатот со кој ООЦК Делчево ја заокружи овогодинешната ПХВ-програма.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*