Македонската кикбокс репрезентација оствари значаен резултат на Светското првенство во кикбокс за млади, кое се одржува во Јесоло, Италија, освојувајќи вкупно пет медали – три златни и два бронзени.
Глигор Николов, Калин Бабоски и Томи Андонов стигнаа до највисокото место на победничкиот подиум, откако забележаа победи во своите финални борби и се закитија со златни медали.
Со освоените титули, тројцата македонски репрезентативци станаа светски шампиони во своите категории, а во чест на нивниот успех на церемониите за доделување на медалите беше интонирана македонската химна.
Покрај трите златни медали, македонската репрезентација освои и две бронзени одличја, со што настапот на Светското првенство во Јесоло доби дополнителна вредност.
Успехот е остварен во конкуренција на млади кикбоксери од повеќе земји, а македонските натпреварувачи настапуваат под водство на тренерскиот тим и селекторот Дејан Митковски – Урко.
За македонските кикбоксери следуваат нови предизвици на шампионатот, а освоените медали се потврда за нивните настапи на едно од најзначајните меѓународни натпреварувања во младинскиот кикбокс.

Leave a Reply